Канадската пливачка Самер Мекинтош го собори сопствениот светски рекорд во дисциплината 400 метри мешано во средата на Националното првенство во Викторија, кое служи како квалификација за Светското првенство во Сингапур во јули.

МекИнтош, 18-годишна трикратна олимписка шампионка во Париз минатото лето (200 метри пеперутка, 200 метри мешано и 400 метри мешано), ја исплива дисциплината 400 метри мешано за 4:23,65, подобрувајќи го сопствениот светски рекорд од 4:24,38, поставен минатата година.

 

Трикратната олимписка шампионка веќе собори светски рекорди на 200 метри мешано и 400 метри слободно.

„Знаев дека можам да направам нешто навистина посебно вечерва, бидејќи ова е веројатно најдобрата трка во мојата кариера“, рече Мекинтош по трката.

Во саботата, таа го собори светскиот рекорд на 400 метри слободно, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во 2023 година од австралиската ѕвезда Ариарне Титмус.

Потоа, таа го исплива третото најбрзо време досега на 800 метри слободно во неделата, пред да го собори 10 години стариот светски рекорд на унгарската пливачка Катинка Хошу на 200 метри мешано во понеделникот.

globe

Слични новости

Гардијан: Мачестер Сити сака да го продаде Грилиш за 50 милиони фунти

Гардијан: Мачестер Сити сака да го продаде Грилиш за 50 милиони фунти

Сити сака да добие околу 50 милиони фунти од продажбата на 29-годишниот Британец, но засега нема понуди за играчот од средниот ред. Се разгледува и позајмица. Интерес за играчот претходно објавија Наполи, Евертон и Баер.

Оклахома направи брејк на гости кај Индијана и изедначи на 2:2

Оклахома направи брејк на гости кај Индијана и изедначи на 2:2

Индијана водеше во текот на целиот натпревар, но во завршницата Оклахома одигра многу цврста одбрана и направи серија од 8:0, додека нејзините две ѕвезди Шеи Гилџес Александар и Џејлен Вилијамс реализираа шутеви во клучните мометни од натпреварот