Берзата во Париз денеска забележа нов историски рекорд откако нејзниот главен индекс ЦАЦ 40 достигна ниво од 8.280 поени, со раст од 1,34 насто до 16 и 20 часот. Скокот на берзата во Париз одразува комбинација на позитивниот сентимент на светските берзи и поповолните макроекономски изгледи во еврозоната, пренесува Фигаро.

Паневропскиот СТОКС и британскиот ФТСЕ 100 исто така забележаа рекорди.

Растот на берзите уследи откако во САД беше најавен компромис со кој би се обновило финансирањето на американската влада.

Дополнителен оптмизиам носи развојот на инфраструктурата на вештачката интелигенција, како и инфлацијата во еврозоната која е пониска од очекувањата.

Слични новости

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Договорот на Нетфликс за купување на Ворнер Брос „може да биде проблем“ поради големината на пазарниот удел

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот постигнат од Нетфликс за купување на Ворнер Брос. Дискавери „може да биде проблем“ поради големината на комбинираниот пазарен удел