Глобалната автомобилска индустрија минува низ историско престројување додерка европските произведувачи соочени со пад на продажбата и вишок капацитети ги затвараат или распродаваат своите погони.

Истовремено, кинеските гиганти „BYD  и „Икспенг“ бележат рекорден раст и активно ги преземаат европските фабрики.

За европските производители кинескиот капитал решава итен проблем, бидејќи продажбата на автомобили во Европа падна од 15,3 милиони во 2019 ( пред корона пандемијата) на помалку од 13 милиони во 2025.

Кога на тоа ќе се додадат американските царини кои го погодија извозот, европските произведувачи останаа со огромни вишоци фабрички простор.

Продажбата на овие капацитети на кинеските ривали го спречува болниот процес на затварање на фабриките и отпуштања на илјадници работници, но истовремено со тоа и помагаат на директната конкуренција која им го загрозува пазарниот колач.  

Слични новости

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Индексот на страв и лакомост за биткоин се наоѓа на нивото 8 во категоријата „екстремен страв“, уште полошо во однос на вчерашниот индекс 10, што сугерира дека сентиментот на пазарот на криптовалутите е исклучително лош.