ените на акциите паднаа на Волстрит во вторник, при што индексот Dow Jones се лизна деветти ден по ред, додека инвеститорите ги очекуваат одлуките и пораките од состанокот на челниците на американската централна банка.

Индексот Dow Jones загуби 0,61 отсто, на 43.449 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,39 отсто, на 6.050 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,32 отсто, на 20.109 поени.

Така, Nasdaq се лизна од рекордното ниво, додека Dow Jones падна деветти ден по ред, што не е забележано од 1978 година.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи вчера започна дводневниот состанок на челниците на Fed, а нивните одлуки ќе бидат објавени во среда. Во фокусот на инвеститорите ќе бидат нивните нови макроекономски прогнози, како и прес-конференцијата на претседателот на централната банка Џером Пауел.

Пазарот очекува Fed да ги намали каматните стапки по трет пат оваа година, за дополнителни 0,25 процентни поени, но неизвесно е што ќе се случува понатаму со каматните стапки.

Податоците за трговијата на мало објавени вчера покажаа и дека потрошувачката на Американците расте, што значи дека економијата има солидна поддршка, но и дека инфлацијата може да остане покачена. Дотолку повеќе што политиката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може да го поддржи растот на економијата и инфлацијата.

Поради овие причини, Пауел, како и неколку други челници на Fed, изјавуваа последните седмииц дека темпото на намалување на каматните стапки можеби ќе треба да се забави. Најверојатно Пауел ова ќе го повтори и во среда, а се очекуваат и неговите коментари во однос на инфлацијата и состојбите во економијата.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,81 отсто, на 8.195 поени, а франкфуртски DAX за 0,33 отсто, на 20.246 поени. Парискиот CAC зајакна, пак, за 0,12 отсто, на 7.365 поени.

globe

Слични новости

Доларот зајакна во однос на кошницата валути, еврото ослабе

Доларот зајакна во однос на кошницата валути, еврото ослабе

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми и минатата седмица, втора по ред, додека еврото ослабна откако Европската централна банка (ECB) повторно ги намали клучните каматни стапки

Претпалзивост на светските берзи, инфлацијата во САД и натаму покачена

Претпалзивост на светските берзи, инфлацијата во САД и натаму покачена

Минатата седмица на светските берзи се тргуваше неизвесно, па така на Волстрит индексот S&P 500 кон средината на седмицата достигна ново рекордно ниво, а потоа ги загуби тие добивки и трговската седмица ја заврши со загуби