ените на акциите паднаа на Волстрит во вторник, при што индексот Dow Jones се лизна деветти ден по ред, додека инвеститорите ги очекуваат одлуките и пораките од состанокот на челниците на американската централна банка.
Индексот Dow Jones загуби 0,61 отсто, на 43.449 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,39 отсто, на 6.050 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,32 отсто, на 20.109 поени.
Така, Nasdaq се лизна од рекордното ниво, додека Dow Jones падна деветти ден по ред, што не е забележано од 1978 година.
Инвеститорите се претпазливи бидејќи вчера започна дводневниот состанок на челниците на Fed, а нивните одлуки ќе бидат објавени во среда. Во фокусот на инвеститорите ќе бидат нивните нови макроекономски прогнози, како и прес-конференцијата на претседателот на централната банка Џером Пауел.
Пазарот очекува Fed да ги намали каматните стапки по трет пат оваа година, за дополнителни 0,25 процентни поени, но неизвесно е што ќе се случува понатаму со каматните стапки.
Податоците за трговијата на мало објавени вчера покажаа и дека потрошувачката на Американците расте, што значи дека економијата има солидна поддршка, но и дека инфлацијата може да остане покачена. Дотолку повеќе што политиката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може да го поддржи растот на економијата и инфлацијата.
Поради овие причини, Пауел, како и неколку други челници на Fed, изјавуваа последните седмииц дека темпото на намалување на каматните стапки можеби ќе треба да се забави. Најверојатно Пауел ова ќе го повтори и во среда, а се очекуваат и неговите коментари во однос на инфлацијата и состојбите во економијата.
И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,81 отсто, на 8.195 поени, а франкфуртски DAX за 0,33 отсто, на 20.246 поени. Парискиот CAC зајакна, пак, за 0,12 отсто, на 7.365 поени.
Слични новости
Стагнираат доларот и цените на нафтата
На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот
Технолошкиот сектор го поттикна растот на Волстрит
На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во понеделникот, како и Nasdaq, кој достигна ново рекордно високо ниво, главно благодарение на порастот на цените на акциите на неколку од најголемите технолошки компании
Речиси секој четврти работник во Европа е мигрант
Во северна, јужна и западна Европа, уделот на вработени мигранти се зголемил во периодот меѓу 2013 и 2022 година од 22,5 отсто на 23,3 отсто