ените на акциите паднаа на Волстрит во вторник, при што индексот Dow Jones се лизна деветти ден по ред, додека инвеститорите ги очекуваат одлуките и пораките од состанокот на челниците на американската централна банка.
Индексот Dow Jones загуби 0,61 отсто, на 43.449 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,39 отсто, на 6.050 поени, а индексот Nasdaq загуби 0,32 отсто, на 20.109 поени.
Така, Nasdaq се лизна од рекордното ниво, додека Dow Jones падна деветти ден по ред, што не е забележано од 1978 година.
Инвеститорите се претпазливи бидејќи вчера започна дводневниот состанок на челниците на Fed, а нивните одлуки ќе бидат објавени во среда. Во фокусот на инвеститорите ќе бидат нивните нови макроекономски прогнози, како и прес-конференцијата на претседателот на централната банка Џером Пауел.
Пазарот очекува Fed да ги намали каматните стапки по трет пат оваа година, за дополнителни 0,25 процентни поени, но неизвесно е што ќе се случува понатаму со каматните стапки.
Податоците за трговијата на мало објавени вчера покажаа и дека потрошувачката на Американците расте, што значи дека економијата има солидна поддршка, но и дека инфлацијата може да остане покачена. Дотолку повеќе што политиката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може да го поддржи растот на економијата и инфлацијата.
Поради овие причини, Пауел, како и неколку други челници на Fed, изјавуваа последните седмииц дека темпото на намалување на каматните стапки можеби ќе треба да се забави. Најверојатно Пауел ова ќе го повтори и во среда, а се очекуваат и неговите коментари во однос на инфлацијата и состојбите во економијата.
И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,81 отсто, на 8.195 поени, а франкфуртски DAX за 0,33 отсто, на 20.246 поени. Парискиот CAC зајакна, пак, за 0,12 отсто, на 7.365 поени.
Слични новости
Цените на нафтата над 72 долари
Цените на нафтата се задржаа на нивото над 72 долари на меѓународните пазари во вторникот, бидејќи кинеската најава за монетарни стимулирања за економијата ги покрена прашањата за побарувачката
Димитриеска Кочоска најавува година на инвестиции и фискална консолидација и одржливост
Идната година, како што истакна министерката, ќе биде година на инвестиции што ќе дадат додадена вредност и што ќе го „откочат тркалото“ и ќе не искачат на едно скалило погоре во остварување на повисоки стапки на економски раст. Димитриеска Кочоска најави инвестиции на ниво од над 47 милијарди денари само во јавниот сектор
Битиќи: Предложениот Буџет го премолучува реалниот дефицит и форсира селективност во однос на платите и пензиите
Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста, ниту нуди одржливи политики што ќе овозможат структурни реформи, економски раст и развој. Поттикнува селективност и прави суштинска неправда кога станува збор за пензиите и платите кај вработените во јавниот сектор, не го прикажува реалниот дефицит и демонстрира крајно игнорантски однос кон експертите. Без инклузивен модел кој ќе ги вреднува сите, предложениот буџет станува монолог на власта, наместо дијалог со граѓаните, оцени денеска пратеникот Фатмир Битиќи.