Законското усогласување на минималната плата од 1.600 денари излезе во Службен весник. Со ова мартовските примања на оние кои добиваат минималец ќе изнесуваат 26.046 денари. Според, последните податоци за синдикалната минимална кошничка која секој месец ја објавува ССМ една минимална плата оди само за храна и пијалаци.
ССМ пооследно на состанокот на еконосмко социјалниот совет ја напушти седницата и не даде согласност за ова усогласување, поради што е донeсено без потребното претходно мислење од ЕСС, заради немање на кворум.
ССМ пак извеsен период бара минамалната плата да биде 600 евра, а за 100 евра да пораснат и останатите плати. Поради неуспешни преговори излегоа и на протести, а во моментов се прават консултациите со синдикатите и работниците за организирање и на генерален штрајк.
Според, нивните последни пресметки на едно четиричлено семејство за да го истурка месецот му се потрбени над 67 илјади денари за покривање на основните трошоци.
Слични новости
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.
Силата на новата десница
Можеби најзначајно од се во идеолошка смисла, е паѓањето, или барем поместувањето на таканаречениот „санитарен кордон“ околу есктремната десница.

