Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0 во последниот неделен дуел од 15-то коло на шпанската Ла Лига. „Кралскиот клуб“ имаше 11 последователни победи против Селта, која последен пат славеше во Мадрид во 2006 година.
Гостите поведоа во 53. минута со одличниот гол на шведскиот напаѓач Вилиот Сведберг, кој со петтица ја претвори асистенцијата на Сарагоса во погодок.
Новите проблеми за Реал пристигнаа десет минути подоцна кога Фран Гарсија заработи два жолти картони за само сто секунди. Првиот за прекршок врз Кареира, а една минута подоцна за старт врз Сведберг.
Домашниот тим брзаше да израмни и со играч помалку, Реал имаше неколку добри шанси, но не успеа да го совлада Јонут Раду. Во втората минута од судиското продолжение, Реал загуби уште еден играч. Алваро Карерас беше исклучен поради повторени приговарања на судиските одлуки.
Четла ја потврди победата во третата минута од судиското продолжение по одличниот контранапад што Сведберг го заврши со својот втор гол на дуелот.
Овој пораз сигурно дополнително ќе ја отежни позицијата на Чаби Алонсо на клупата на „Кралевите“. Особено што Реал оствари само една победа во последните пет првенствени кола.
Барселона сега има четири бода предност пред Реал, додека Виљареал е пет бода зад Барса на третото место, но има натпревар помалку.
Во претходно одиграниот неделен натпревар, Елче ја победи Жирона со 3:0. Головите за домашниот тим ги постигнаа Герман Валера (40) и Рафа Мир (51, 57).
Со оваа победа, Елче се качи на деветтото место со 19 бода, додека Жирона е во зоната за испаѓање, на 18-то место со 12 бода. Само Овиедо со 10 и Леванте со девет бода имаат полошо остварување во досегашниот тек на првенството.
Валенсија и Севиља одиграа нерешено 1:1. Гостите поведоа во 58. минута по автоголот на Сезар Тарега, а Уго Дуро израмни во третата минута од судиското продолжение.
Еспањол го победи Рајо Ваљекано со пенал во 39. минута од Роберто Фернандез.
Слични новости
Реал Мадрид во дербито на Лигата на шампионите против Манчестер сити без шестмина дефанзивци
Едер Милитао доживеа потешка повреда,, а претходно беа повредени Дани Карвахал, Трент-Александар Арнолд, Дин Хаусен, Ферлан Менди и Давид Алаба.
НБА: Лејкерс славеа со Дончиќ и Џејмс, 15-та победа по ред за Тандер
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Филаделфија 76ерс со 112:108 на гостински терен синоќа, а Лука Дончиќ и Леброн Џејмс постигнаа заедно 60 поени откако се вратија во поставата
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус


