Манчестер сити попладнево одигра 2:2 со тимот на Брајтон и дополнително ги намали шансите за пласман во Лигата на шампоините. Домаќините на два пати водеа во текот на мечот, но гостите од Брајтон два пати успејаа да изедначат. Играчот за врска на Мачестер Сити Илкај Гундоган изјави дека лично е многу разочаран. „ Откако на два пати бевме во водство и одигравме навистина добро, фрустрирачки е да не ги освоите сите три бода“ рече Гундоган.

Во последните четири натпревари тимот на Пеп Гвардиола освои само четири бода и шансите за пласман во Лигата на шампионите стануваат се помали. Сити во моментов има 48 бода и се наоѓа на петтото место, зад Челси на четвртото кое носи ЛИга на шампиони со 49 бодови и натпревар помалку, а на шестото и седмото место се Њукасл и Брајтон со по 47 бодови.

Слични новости

Сабаленка и Андреева во финалето на Индијан Велс

Сабаленка и Андреева во финалето на Индијан Велс

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка и Русинката Мира Андреева ќе играат во финалето на мастерсот во Индијан Велс. Сабаленка, неочекувано лесно, за само 52 минути ја декласираше Американката Медисон Киз со резилтат 2 :0 ( 6:0, 6:1).

Ф1: Шест дебитанти во новата сезона

Ф1: Шест дебитанти во новата сезона

Новата сезона во Формула 1 започнува овој викенд во Австралија, со шест возачи, со различен степен на искуство, кои се натпреваруваат во нивната прва целосна сезона во Ф1

Амбициозните планови на Арсенал

Амбициозните планови на Арсенал

Лондонски Арсенал има намера во летниот преоден рок да го ангажира крилото на Баерн, Лерој Сане (29), кој ќе биде слободен играч бидејќи неговиот договор со баварскиот клуб истекува во јуни, објавија во петокот британските медиуми