Земјотрес со сила од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето меѓу островите Санторини и Аморгос, соопшти Геодинамичниот институт на националната опсерваторија во Атина.
Според податоците на сеизмичките служби, ова е најсилниот потрес во серијата земјотреси што го погодија регионот на островите Киклади. Епицентарот на земјоитресот е забележан југозападно од Аморгос на длабочина од 17 километри, пишува весникот Катимерини.

Земјотресот силно бил почувствуван и на Атика. Научниците предупредуваат дека сеизмичката активност и натаму е многу висока, а во текот на минатата ноќ биле регистрирани уште земјотреси со сила меѓу 4 и 5 степени според Рихтер.
Директорот на Геодинамичкиот институт во Атина Васили Карастатис изјави дека не може да се процени дали овој земјотрес беше главниот и додаде дека сеизмичкиот феномен е и натаму активен, па се можни нови земјотреси.
На Санторини е прогласена вонредна состојба, а веќе беа евакуирани над 10 000 луѓе од островото, кое неодамна го посети и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Слични новости
Ден на жалост во Црна Гора, Србија и Бугарија поради трагедијата во Кочани
Во Црна Гора денеска е ден на жалост по трагедијата во Македонија кога во пожар во дискотека во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а над 100 се повредени. Во Србија и Бугарија утре ќе биде ден на жалост.
Три деца со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун
Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун
Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката
Протестот „15 за 15“, за кој според опозициските медиуми бил еден од најголемите во историјата на Белград, заврши во саботата вечерта пред предвиденото по инцидентите во кои беа повредени 56 лица, 22 беа уапсени, а по првиот инцидент студентите се повлекоа и порачаа дека повеќе тоа не е студентски протест