Нафтата Брент денеска поскапе на повеќе од 94 долари за барел поради новите судири на Блискиот исток. Цената на референтната нафта Брент денеска на берзите порасна за дури 3,99 насто на 94,66 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта ВТИ скокна за 4,13 насто на 87,79 долари за барел.
Американскуте воздушни удари врз Иран продолжуваат во контуниутет, а владата во Техеран возвраќа на американските напади со стрелање врз американски воени цели во регионот.
Ова ги налаи очекувањата на инвеститорите дека наскоро би можело да дојде до дипломатско решение на конфликтот, па инвеститорите почнаа да ги пресметуваат поголемите геополитички ризици во цената на нафтата.
Слични новости
Европските берзи во пад по новиот напад врз брод во Ормутскиот теснец
Европските берзански индекси денеска главно се во пад откако проектил погоди товарен брод во Ормутскиот теснец, што предизвика нови стравувања за пореметување на пазарот на нафтата.
Инвеститорите оптимистични: Подобрена оценката за актуелната ситуација со германската економија
Расположението на германските инвеститори во август порасна на највисоко ниво, покажуваат резултатите на центарот за економски истражувања Лајбниц. Вредноста на индикаторите што ги мерат економските очекувања во иднина за Германија изнесува 34,2 поени, што е раст од 7,9 поени во однос на јули.
Во Германија банкротирани илјадници компании
Најмногу се погодени транспортот, угостителството и градежништвото. Германските медиуми пишуваат дека бранот банкротирања е последица на повеќегодишната стагнација на германската економија.


