Фудбалерите на Барселона вторпат по ред загубија првенствен натпревар на домашен терен, на „Олимпискиот стадион“ во Монжуик, беа поразени со 1:0 од тимот на Леганес во 17. коло на Ла Лига.
Серхио Гонзалес беше стрелец во 4. минута за да му ја донесе на тимот од предградието на Мадрид првата победа на гости кај каталонската гордост и вкупно втора победа во нивните десет натпревари.
Пред 15 дена и Лас Палмас ја победи Барселона мна „Монжуик“ кој има 19 бодови, а бод помалку има Леганес. Тие две екипи ги држат 14-то и 15-то место на табелата.
Барселона и понатаму е на врвот со 38 бодови, но бодовно е израмнета со Атлетико Мадрид и има бод повеќе од Реал Мадрид. Но двата тима од Мадрид имаат натпревар помалку.

Играчите на Реал Сосиедад и Лас Палмас одиграа натпревар без голови во Сан Себастијан, додека Бетис од Севиља победи со 2:1 на гостувањето кај Виљареал со играч помалку.
Реал Сосиедад е на седмото место со 25 бодови, а Лас Палмас е 14. со 19 бодови.
Бетис стигна до шестата победа сезонава со головите на Витор Роке (32) и Џовани Ло Селсо (47), додека Алекс Баена (55) беше стрелец за Виљареал. Од 34. минута гостите останаа со играч помалку, бидејќи беше исклучен Чими Авила.
Бетис стигна до 24 бода и скокна на деветтата позиција, додека Виљареал остана на шестото место со 26 бодови.
Во баскиското соочување на стадионот „Мендизоротца“ во Виторија-Гастеис, домашните Алавес и Атлетик Билбао одиграа 1:1 (0:1). Гостите поведоа во 10. минута со голот на Унаи Гомез, а конечните 1:1 ги постави Хоан Хордан во 67. минута.
Атлетик и натаму е на четвртото место со 33 бодови, а Алавес останува на 16. позиција со 16 бодови.
Атлетико Мадрид го совлада Хетафе со 1:0 (0-0) во првиот натпревар од Ла Лига во неделата и со својата 11-та победа во новата сезона од шпанското првенство се најде на второто место на табелата. Стрелец на победничкиот гол беше Норвежанецот Александар Сорлот во 69. минута.
Од 17 првенствени натпревари Атлетико собра 38 бодови, исто колку и лидерот Барселона и еден повеќе од третопласираниот Реал Мадрид. Хетафе е на 15. позиција со 16 бодови.

Слични новости
Серија А сака да игра натпревари во САД
Европските фудбалски гиганти со години ги посетуваат САД на претсезонски натпревари, но Италијанците сега сакаат да играат официјални првенствени натпревари на американска почва во рок од три години
Баерн ќе го изложи дресот со број 5 на Бекенбауер под покривот на „Алијанц Арена“
Откако го „пензионираше“ дресот со бројот што го носеше Франц Бекенбауер, клупската легенда која почина на почетокот на јануари 2024 година, Баерн Минхен одлучи во иднина да го изложува под покривот на „Алијанц Арена“, објави во вторникот баварскиот клуб
Винисиус сака што поскоро да го обнови договорот со Реал Мадрид
Бразилскиот напаѓач Винисиус Јуниор изјави дека е среќен во Реал Мадрид и сака што поскоро да го обнови договорот со Кралскиот клуб