Репрезентацијата на Шпанија која е Светски првак ја оправда улогата на фаворит на мечот со Хрватска и победи со 4:1. Свое шоу имаше Ламин Јамал кој постигна два гола за Шпанија и беше асистент на еден гол.
Шпанија го доби првото полувреме со 2:1, но можеше да стигне до многу поубедлива предност, а до крајот на мечот Шпанците уште два пати ја затресоа мрежата на хрватскиот голман Ливаковиќ.
Во вториот натпревар од оваа група Англија рутински ја победи Чешка со 2:0 со головите на Гордон во 47-та минута и на Хари Кејн во 69-тата.
Чесите немаа шанси за поволен резултат, особено што од 25-тата минута останаа со фудбалер помалку, откако беше исклучен Шулц во 25-тата минута од мечот.
Слични новости
ПСЖ победник на суперкупот на УЕФА
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно. Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим
