Денеска во судница ново рочиште за случајот Талир за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ откако претходното кое се одржа кон крајот на јануари беше одложено.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и поранешните партиски функционери Миле Јанакиески, Илија Димовски и Леко Ристовски.

На претходните рочишта бранителите побараа изземање на обвинителката Ленче Ристоска, наведувајќи дека нејзините конфликти со партијата влијаат на нејзината непристрасност.

Ристоска, која поднесе тужба за клевета против ВМРО-ДПМНЕ и пријави притисоци од премиерот Христијан Мицкоски, вели дека постапува објективно и го известила Републичкото јавно обвинителство за ситуацијата

 

Слични новости

ВМРО ДПМНЕ го обвини Заев дека го брани нарко картелот во Македонија

Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина