Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор Перпарим Бајрами и уште шест лица.
Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 600 милиони денари од буџетот на Државна лотарија при набавка на видеолотариски терминали.
На претходното рочиште сведочеше директорот во Државна лотарија, Владо Петковски, кој кажа дека за набавката имало физибилити-студии, мислења и финансиски план.
Тој негираше дека Бајрами му кажал дека за секоја одлука мора да се консултира со Артан Груби. Поради разлики меѓу неговиот исказ во истрагата и сведочењето во судница, Обвинителството побара дополнително испрашување, на што се спротивстави одбраната.
Слични новости
Косовскиот премиер, Курти доаѓа во Скопје
Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска доаѓа во официјална посета на Скопје каде ќе присуствува на централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза
Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие
На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи
Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.


