Новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени се проширува со нови прехранбени производи. На само една седмица од применување на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени од најмалку 10 проценти се проширува и истата опфаќа над 700 прехранбени производи, велат од Владата.
Владината прес-служба појасни дека согласно Законот за заштита на потрошувачите треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, значи од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување на производите.
Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.
„Секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен, а листата ќе има можност да се проширува и во следниот период. Мерката ќе важи еден месец односно од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година. Воедно, ја поздравуваме одлуката на компаниите кои се приклучуваат кон кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ и покажуваат општествена одговорност и ги повикуваме и останатите да се приклучат. Владата е директно насочена кон подобрување на економската состојба на илјадници семејства и животниот стандард“, се вели во соопштението на владината прес-служба.
Новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени се проширува со нови прехранбени производи. На само една седмица од применување на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени од најмалку 10 проценти се проширува и истата опфаќа над 700 прехранбени производи, велат од Владата.
Владината прес-служба појасни дека согласно Законот за заштита на потрошувачите треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, значи од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување на производите.
Ова е трета примена на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе- Се грижиме“, и Владата најави дека истата ќе продолжи и во иднина.
Слични новости
Продажбата на нови автомобили во ЕУ во ноември падна за два отсто
Продажбата на нови автомобили во Европската унија е намалена за околу два отсто во ноември, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) во четвртокот
Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed
Европските акции остро паднаа во четвртокот претпладнето, како и Волстрит претходниот ден, бидејќи американската централна банка соопшти дека планира да го забави темпото на олабавување на монетарната политика
Шукова; За бегството на Груби одговорноста ја сносат Тошковски и МВР
За бегството на Артан Груби одговорноста треба да си ја сноси МВР и Тошковски. Редно време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и за сите пропусти кои им се случуваат да обвинува некој друг., рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова, во дебатната емисија „Анализа“ на 24 телевизија.