Нови 11 случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во јули во земјава – покажуваат податоците на Институот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања. Од вкупниот број регистрирани случаи, девет се мажи и две се жени.Станува збор за лица на возраст од 20 до 49 години.

Вкупниот број на заразени од ХИВ/СИДА во Македонија од 1987 до сега изнесува 765 лица, од кои 141 лице починало.

Од другите сексуално и крвно преносливи инфекции, во јули се пријавени седум случаи на сифилис, четири случаи на вирусен хепатитис Б и по еден случај со гонореја, инфекција со хламидија и вирусен хепатит Ц.

 

Слични новости