Синоќа нови протести во Тирана при што повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства кон полициските сили, кои возвратија со солзавец и водени топови за да ја растераат толпата.
За време на немирите беа нападнати владини објекти, запалени контејнери и блокирани улици. Протестите дополнително ескалираа откако во поширокото антивладино движење се приклучија и средношколци и студенти.
Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, чија Социјалистичка партија е на власт во Албанија. Тој пак им порача дека е подготвен за дијалог, и најави парична награда од 2,5 илјади евра за секој полицаец, кој се справува со насилните протести.
Слични новости
Пентагон со план за повлекување на речиси една третина од американските сили од Европа
План за повлекување авиони, воени бродови, оружје и десетици илјади американски војници од Европа разгледува Пентагон, и покрај предупредувањата од сојузниците на НАТО за растечката закана од руска агресија, јави Ен-Би-Си повикувајќи се на сегашни и поранешни западни и американски функционери.
Вучиќ за пресудата за Тачи: Нема причина ни за радост ни за жалост
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија „во овој момент нема причина ниту да се радува ниту да тагува“ по пресудата со која поранешниот косовски претседател Хашим Тачи беше осуден на 25 години затвор за воени злосторства.
Русија со нови напади врз Киев, меѓу повредените има и деца
Во нападите со балистички ракети, други ракети и беспилотни летала во Киев и Одеса биле погодени обични станбени згради, а имало напади и на енергетски објекти.


