Синоќа нови протести во Тирана при што повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства кон полициските сили, кои возвратија со солзавец и водени топови за да ја растераат толпата.
За време на немирите беа нападнати владини објекти, запалени контејнери и блокирани улици. Протестите дополнително ескалираа откако во поширокото антивладино движење се приклучија и средношколци и студенти.
Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, чија Социјалистичка партија е на власт во Албанија. Тој пак им порача дека е подготвен за дијалог, и најави парична награда од 2,5 илјади евра за секој полицаец, кој се справува со насилните протести.
Слични новости
Почнува заседанието на Генералното собрание на ОН
Дебатата во Генералното собрание на ОН стартува од денеска до 28 септември , а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.
Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција
Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.
Иран се заканува со промена на „географија на војната“ во случај на нов напад
Секој нов напад врз Иран ќе доведе до значајни промени во географијата на војната и користеното оружје соопшти Исламската револуционерна гарда.


