Меморандумот за разбирање што го потпишаа САД и Иран насочен кон окончување на војната траеше 60 дена и денеска истекува. Двете страни со недели заемно се обвинуваат за кршење на договорот и има слаби сигнали дека која и да е од страните е подготвена да го продолжи договорот.

Министерот за надворешни работи на Иран Абас Арагчи порача дека Техеран сеуште не донел одлука за продолжување на преговорите со САД.

Од друга страна американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД сами ќе го преземат Ормутскиот теснец.

Спогодбата која на 17 јуни ја потпишаа претседателите на САД и Иран Доналд Трамп и Месуд Пезешкијан уследи по интензивни преговори на високо ниво со посредство на Пакистан.

Вашингтон и Израел сметаат дека 60-те дена примирје Иран ги искористи за засилено производство на ракети и зацврстување на одбранбените позиции и дека Техеран двата месеца од примирјето ги мина во подготовка за нови борби, а не за прекин на војната со дипломатски средства.

Слични новости

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Трамп бесен поради сојузот меѓу Канада и ЕУ, се закани со нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „смешен“ предлогот на Европската унија Канада да стане нејзина придружна членка и се закани со воведување на „многу сериозни царини“ или намалување на трговијата со ЕУ.