Најмалку три лица загинаа во нов бран руски напади врз Украина, соопштија украинските власти. Во главниот град Киев, меѓу жртвите е и 12-годишно дете, а најмалку 18 лица се повредени по ракетни и напади со беспилотни летала врз станбени објекти.
Еден човек загинал и во градот Днипро, додека напади се пријавени и во Харков и Одеса, кадешто има повеќе повредени.
Во меѓувреме, руските власти тврдат дека во украински напад со дрон во јужна Русија загинале две деца.
Нападите следуваат по краткото примирје за време на православниот Велигден, за кое двете страни меѓусебно се обвинија дека го прекршиле.
Слични новости
Доживотен затвор за атентаторот на поранешниот јапонски премиер Абе
Јапонски суд денеска го осуди човекот обвинет за атентат врз поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе на доживотна казна затвор.
Нова железничка несреќа во Шпанија, има мртви и повредени
Едно лице загина, а најмалку 37 други се повредени откако приградски воз излета од шините во близина на Барселона. Несреќата се случила откако потпорен ѕид паднал врз железничката пруга, соопштија регионалните власти во Каталонија.
Трамп: Ќе „најдeме решение“ за спорот околу Гренланд
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во НАТО ќе „најдат решение“ за спорот околу Гренланд....


