Најмалку три лица загинаа во нов бран руски напади врз Украина, соопштија украинските власти. Во главниот град Киев, меѓу жртвите е и 12-годишно дете, а најмалку 18 лица се повредени по ракетни и напади со беспилотни летала врз станбени објекти.

Еден човек загинал и во градот Днипро, додека напади се пријавени и во Харков и Одеса, кадешто има повеќе повредени.

Во меѓувреме, руските власти тврдат дека во украински напад со дрон во јужна Русија загинале две деца.

Нападите следуваат по краткото примирје за време на православниот Велигден, за кое двете страни меѓусебно се обвинија дека го прекршиле.

 

Слични новости

Руте: Разговорите со Трамп се фокусираа на безбедноста на Арктикот

Руте: Разговорите со Трамп се фокусираа на безбедноста на Арктикот

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вели дека разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос биле фокусирани исклучиво на безбедноста на Арктикот, а не на политичкиот статус на Гренланд.

Данска ја поздрави одлуката на Трамп со која исклучи употреба на сила за заземање на Гренланд

Данска ја поздрави одлуката на Трамп со која исклучи употреба на сила за заземање на Гренланд

Данска ја поздрави изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп со која ја исклуува можноста за насилно заземање на Гренланд и со која ги стави во мирување царините со европските сојузници.