Најмалку три лица загинаа во нов бран руски напади врз Украина, соопштија украинските власти. Во главниот град Киев, меѓу жртвите е и 12-годишно дете, а најмалку 18 лица се повредени по ракетни и напади со беспилотни летала врз станбени објекти.

Еден човек загинал и во градот Днипро, додека напади се пријавени и во Харков и Одеса, кадешто има повеќе повредени.

Во меѓувреме, руските власти тврдат дека во украински напад со дрон во јужна Русија загинале две деца.

Нападите следуваат по краткото примирје за време на православниот Велигден, за кое двете страни меѓусебно се обвинија дека го прекршиле.

 

Слични новости

Марта Кос со критики кон Белград за новите закони

Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед