Берзанските индекси на Волстрит повторно достигнаа рекордни нивоа, додека силен раст бележат и азиските пазари, поттикнати од побарувачката за технологии поврзани со вештачката интелигенција.

Во средата, индексот Dow Jones порасна за 1,24 проценти и достигна 49.910 поени, додека S&P 500 се искачи за 1,46 проценти, на 7.365 поени. Nasdaq забележа најсилен раст од 2,02 проценти и достигна нов рекорд од 25.838 поени.

Најголем придонес за растот имале акциите на производителите на чипови. По објавата на кварталните резултати, акциите на AMD скокнаа за речиси 19 проценти, додека акциите на Intel пораснаа за 4,5 проценти.

 

Слични новости

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.