Берзанските индекси на Волстрит повторно достигнаа рекордни нивоа, додека силен раст бележат и азиските пазари, поттикнати од побарувачката за технологии поврзани со вештачката интелигенција.
Во средата, индексот Dow Jones порасна за 1,24 проценти и достигна 49.910 поени, додека S&P 500 се искачи за 1,46 проценти, на 7.365 поени. Nasdaq забележа најсилен раст од 2,02 проценти и достигна нов рекорд од 25.838 поени.
Најголем придонес за растот имале акциите на производителите на чипови. По објавата на кварталните резултати, акциите на AMD скокнаа за речиси 19 проценти, додека акциите на Intel пораснаа за 4,5 проценти.
Слични новости
Скок на нафтата откако пропаднаа разговорите САД -Иран
Цената на нафтата скокна, додека акциите и обврзниците паднаа откако претседателот Доналд Трамп нареди блокада на Ормускиот Теснец, зголемувајќи ги тензиите со Иран
Нов штрајк во „Луфтханза“
Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.
Криза за гориво на европските аеродроми
На европските аеродроми им се заканува системски недостиг од авионско гориво доколку Ормускиот теснец во наредните три недели целосно не се отвори за сообраќај, предупреди авио-индустријата.


