Денеска грчките земјоделци најавија дека за време на нивниот штрајк повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони. Блокадата на граничниот премин за влез и излез од Македонија кон Грција е најавена од 12-16 часот и од 18-22 часот по локално време.
На граничниот премин Евзони се паркирани околу 300 трактори, а грчките земјоделци веќе 10-ти ден периодично го затвораат граничниот премин за сообраќај.
Блокади се поставени и на другите гранични премини, на Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што секојдневно се одлучува дали и на колку време ќе се блокира сообраќајот, на Промахноас и Орменио кон Бугарија и на Кипи кон Турција
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради корупцискиот скандалот со европските земјоделски субвенции, и бараат и исплатата на заостанатите субвенции.
Слични новости
Советот на јавни обвинители ја прифати оставката на Мустафа Хајрулахи
Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање
Филипче најави онлајн-петиција „Не за мигранти“
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја најави првата граѓанска иницијатива против, како што наведе претседателот Венко Филипче, опасните и штетни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со можен прием на мигранти во земјата
Стартува расправата за буџетот
Пратениците ќе дебатираат за најголемиот досега буџета тежок 6, 7 милијарди евра. Со планиран раст на економијата од 3,8 проценти и дефицит од 3,5 проценти од БДП.


