Франција денеска распореди 70.000 полицајци ширум земјата за да го спречи новиот бран нереди за време на масовните протести, предизвикани од високите трошоци на животот, состојбата на јавните служби и политиката на владата на претседателот Емануел Макрон, пренесува Ројтерс.

Демонстрациите се одржуваат на Ноќта на вештерките, две недели по нередите и кражбите кои ги затекнаа безбедносните сили неподготвени и оставија оштетени продавници, јавни установи и деловни објекти во градовите низ Франција.

Министерот за внатрешни работи ЛОеан Нуњез порача дека властите нема да дозволат повторување на такви сцени и најави одлучна реакција на полицијата на секој облик на нарушување на јавниот ред и мир.

Властите особено предупредија на можноста учесниците на нередите да ги искористат маските за Ноќта на вештерките за да го сокријат идентитетот.

Слични новости

Трамп повторно му се закани на Иран дека ќе го дигне во воздух комплексот Пикекс

Трамп повторно му се закани на Иран дека ќе го дигне во воздух комплексот Пикекс

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно се закани со напад врз иранскиот комплекс Пикекс, утврден подземен објект во близина на нуклеарната постројка во Натанц, за кој постои сомнение дека е поврзан со иранската нуклеарна програма.