Во Женева се во тек дводневни разговори меѓу Русија и Уkраина со посредство на САД за решавање на конфликтот во Украина. На маса се ставени сите спорни прашања, вк лучително и територијалните.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред почетокот на преговорите изјави дека Вашингтон очекува поголема попустливост од Киев во продолжувањето на дипломатскиот процес, а украинскиот претседател Зеленски порача дека Трамп врши притисок за отстапки само врз Киев, но не и врз Москва.

Разговорите во Женева се продолжение на претходните средби во Обединетите Арапски Емиратина на кои немаше значаен напредок, освен што беше договорена размена на заробеници.

Слични новости

Илон Маск прогласи почеток на нова граѓанска војна во САД

Американскиот милијардер Илон Маск оцени дека масовните протести против постапките на имиграциската полиција на САД „ИЦЕ“ се сигнал дека во земјата започна „нова граѓанска војна“, пренесуваат американските медиуми.