Нови насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден по ред на протести во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад.
Албанскиот премиер Еди Рама обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија.Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град.
Антивладините протести во Албанија траат повеќе од четири месеци и редовно привлекуваат илјадници луѓе.Еден од факторите што го поттикнаа незадоволството е проектот за изградба на луксузен хотел поврзан со Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.
Слични новости
Трамп повторно му се закани на Иран дека ќе го дигне во воздух комплексот Пикекс
Претседателот на САД Доналд Трамп повторно се закани со напад врз иранскиот комплекс Пикекс, утврден подземен објект во близина на нуклеарната постројка во Натанц, за кој постои сомнение дека е поврзан со иранската нуклеарна програма.
Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса
Во истрагата за нападот во средното училиште во Маниса во кој беа повредени повеќе ученици, турската полиција приведе девет лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето врз учениците, објави денеска агенцијата Анадолија.
Рејтингот на Трамп на најниско ниво до сега
Во однос на претходната анкета, неговиот рејтинг е намален од 35 на 32 проценти, а поддршката меѓу републиканците паднала од 82 на 73 проценти.


