Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда денеска соопшти дека неговите сили гаѓале два американски воени брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец.

Во соопштението на Иранската армија се наведува дека иранската морнарица ги нападнала бродовите како одговор на агресијата на САД, откако американските сили нападнале пет ирански танкери за нафта.

Иранските сили нападнале уште десет бродови кои се обиделе да минат низ Ормутскиот теснец. Техеран соопшти дека Ормутскиот теснец останува под нивен силен надзор и управување.

 

Слични новости