Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, насочени кон места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји.

Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле извршени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат американските трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“.

Иранските медиуми, објавија за три експлозии што се слушнале во областа на пристанишниот град Бандар Абас на југот од земјата. 

Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе наиде на многу поостар одговор што ќе се прошири надвор од регионот.

Во случај на нов американски напад, иранските напади би биле потешки и понасилни од претходните и би се прошириле надвор од границите на регионот, рече Шекарчи 

 

Слични новости

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Во обраќањето до нацијата од Белата куќа Трамп порача дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат и постројките за нафта, доколку не биде постигнат договор со иранските лидери.