Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, насочени кон места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји.
Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле извршени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат американските трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“.
Иранските медиуми, објавија за три експлозии што се слушнале во областа на пристанишниот град Бандар Абас на југот од земјата.
Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе наиде на многу поостар одговор што ќе се прошири надвор од регионот.
Во случај на нов американски напад, иранските напади би биле потешки и понасилни од претходните и би се прошириле надвор од границите на регионот, рече Шекарчи
Слични новости
Грабеж на банка во Германија, ограбувачите зедоа и заложници
Банкарски ограбувачи зедоа повеќе заложници во западногерманскиот град Зинциг соопшти полицијата која постави кордони а неколку тешко вооружени полицајци ја опколија банката.
Локални избори во Велика Британија
Локалните избори во Велика Британија во четврток, 7 мај, на кои имаат право на глас 30 милиони гласачи, се огромен тест за сите главни политички партии, но најмногу за Кир Стармер како премиер и лидер на Лабуристите.
ЕУ се договори за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании.


