Израел и САД во моментов имаат „надмоќ“ и контрола врз речиси целиот ирански воздушен простор, изјави израелскиот амбасадор во ОН Дени Данон.
Тој посочи дека во наредните денови Израел ќе ја покаже таа супериорност, откако беа извршени нови воздушни напади врз ирански ракетни лансери и истражувачки нуклеарен објект.
Иран возврати со десетици балистички ракети кон Израел, како и со напади низ регионот на Заливот, таргетирајќи американски амбасади и предизвикувајќи прекини во енергетските испораки и воздушниот сообраќај.
Поголемиот дел од ракетите биле пресретнати, но од почетокот на конфликтот загинале најмалку 11 лица во Израел.
Данон предупреди дека и покрај тоа што американско-израелските напади ги ослабнале иранските капацитети, Техеран и натаму располага со ракети скриени под земја и во тајни локации. Тој порача дека операциите нема да траат бесконечно, но дека целта останува јасна „без нуклеарно оружје, без ракетна закана и без терористичка инфраструктура.“
Слични новости
Техеран тврди дека американските носачи на авиони се повлекоа на 1.000 километри од иранскиот брег
Американските носачи на авиони веќе не се присутни во Персискиот залив, бидејќи се повлекоа на 1.000 километри од брегот на Иран, изјави заменик-командантот на Исламската револуционерна гарда генерал Али Фадави.
Во Либан поради војната раселени 20 насто од населението
Во Либан е раселена дури 20 насто од полулацијата за само три недели откако израелски сили упаднаа во таа земја, а дневно се ислеуваат околу 19 000 деца, соопштија ОН.
Американските командоси стигнаа на Блискиот исток
„Њујорк тајмс“ објави дека доаѓањето на специјалните единици има за цел да му даде дополнителни опции на американскиот претседател Доналд Трамп за проширување на војната со Иран.


