Иран покрена нов бран ракетни напади врз американската база Ал Удеид во Катар, врз кампот Арифџан во Кувај и врз базата Харир во Ирак, соопшти Исламската револуционерна гарда.
Освен тоа, како што соопшти официјален Техеран, бил покренат „масовен ракетен напад“ врз американската Пета флота во регионот и дека станува збор за најразурнувачкиот напад од почетокот на војната.
Истовремено денеска се погодени три товарни бродови кои превезуваат стока во Ормутскиот теснец. Британската служба за поморски трговски операции соопшти дека еден товарен брод бил погоден на 50 наутички милји од Дубаи со непознат проектил, при што немало загинати.
Претходно, како што пренесе Гардијан бил погоден товарен брод кој се запалил, бродот побарал помош, а посада на бродот била евакуирана.
Британската служба соопшти дека од почетокот на војната 13 товарни бродови биле нападнати во регионот.
Слични новости
Косово оди на нови предвремени парламентарни избори
Од синоќа на полноќ, кога политичките партии не постигнаа консензус за избор на наследник на Вјоса Османи, чиј мандат истече минатиот месец, парламентот по автоматизам се распушти.
Мерц вели дека САД се „понижени“ од Иран
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека САД се „понижени“ од иранското раководство, сугерирајќи дека администрацијата на Доналд Трамп е надмината на преговарачката маса.
Томас Ален, напаѓачот на вечерата во Белата куќа обвинет за атентат врз Трамп
Напаѓачот кој во неделата се обиде да влезе на вечерата на дописниците од Белата куќа е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Министерството за правда на Соединетите Американски Држави.


