САД извршија нови воздушни напади врз воена локација во иранскиот град Бандар Абас, стратешко пристаниште во близина на Ормутскиот Теснец.
Според американската Централна команда, целта била уништена непосредно пред да биде лансиран дрон, а американските сили собориле уште четири ирански беспилотни летала кои претставувале закана во регионот.
Ова е втор американски напад врз ирански цели во последните три дена, и покрај кревкиот прекин на огнот меѓу двете земји.
Вашингтон тврди дека акциите биле „одбранбени и одмерени“, со цел да се заштитат американските сили и да се одржи безбедноста во Ормутскиот Теснец, каде што конфликтот сериозно го наруши поморскиот сообраќај и ги зголеми цените на енергенсите.
Иран остро ги осуди нападите, нарекувајќи ги „тешко прекршување на прекинот на огнот“ и најави одговор на секој непријателски потег.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите со Техеран продолжуваат, но предупреди дека САД би можеле повторно да започнат поширока воена операција доколку не се постигне договор.
Слични новости
Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни организации и тела
Американскиот претседател Доналд Трамп досега ги повлече САД од вкупно 66 меѓународни организации и тела од кои 31 се поврзани со Обединетите нации, а 35 се надвор од тој систем.
Куба ќе се брани во случај на напад од САД
Куба ќе го искористи правото на самоодбрана во случај на воен напад од страна на Соединети Американски Држави, соопшти кубанското Министерство за надворешни работи.
Русија изврши масовен напад со дронови
Руските сили синоќа ја нападнаа Украина со вкупно 294 дронови, од кои украинската воздушна одбрана уништи или неутрализираше 269. Нападот сè уште траеше во утринските часови


