Ова не е прв пат Трамп да воведува царини на кинеските производи. За време на неговиот прв мандат воведе царини на кинески прозиводи во вредност од 360 милијарди долари, а Кина тогаш одговори со контрацарини на американските стоки. За време на мандатот на Џо Бајден повеќето царини на стоките од Кина останаа во сила, а беа воведени и за некои нови производи, како што се електричните возила.
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 10 насто на кинеската стока, додека претходно најавените уредби за царини од 25 насто на производите од Канада и Мексико ги одложи на еден месец.
Иако Трамп допрва треба да разговара со неговиот кинески колега Си Џинпинг, министерството за трговија на Кина соопшти дека воведува контрацарини на повеќе американски производи.
Кинеската влада соопшти и дека ќе воведе царини од 15 насто на американскиот јаглен и течен природен гас, како и 10 насто на сировата нафта, земјоделски машини и автомобили со големи мотори.
Кина претходно поднесе тужба до Светската трговска организација против Америка за кршење на правилата со еднострано воведување царини. Аналитичарите сметаат дека Пекинг морал да одговори со контрамерки на царините на Трамп, но дека не станува збор за голема одмазда.
Во меѓувреме Пекинг Пекинг додаде две американски компании (ПХВ Корп за брендовите Томи Хилфигер и Келвин Клајн и американската биотехнолошка фирма Илумина ) на листата на субјекти за истрага, а најави и истрага против Гугл под сомнение дека компанијата ги крши антимонополските закони.
Ова не е прв пат Трамп да воведува царини на кинеските производи. За време на неговиот прв мандат воведе царини на кинески прозиводи во вредност од 360 милијарди долари, а Кина тогаш одговори со контрацарини на американските стоки. За време на мандатот на Џо Бајден повеќето царини на стоките од Кина останаа во сила, а беа воведени и за некои нови производи, како што се електричните возила.
Канада и Мексико ги избегнаа царините во последен момент. Предложените царини од 25 насто се паузирани на еден месец. Трамп претходно рече дека царините ќе бидат во сила се додека овие две земји не го запрат приливот на илегални имигранти во САД и дрогата фентанил.
Неколку часа откако Трамп ги најави високите царини за Канада, навивачите во главниот град Отава ги исвиркаа спортисите од Америка за време на натпревар на НХЛ лигата.
По повеќечасовни разговори, Мексико и Канада потврдија дека ќе ја зголемат безбедноста на границите за да го запрат текот на илегална имиграција и дрога. „Канада се согласи да ги обезбеди границите и ќе имаме сигурна северна граница“ напиша Трамп на неговата мрежа „Truth social“.
Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо вети дека ќе потроши повеќе од милијарда долари на безбедносни мерки, дека ќе именува личност која ќе ги надгледува акциите за да се блокира продажбата на фентанил, а картелите да ги наведе како терористи.
Сличен договор потврди и мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум. Мексико се согласи и да испрати 10 000 војници од Националната гарда на границата со САД.
Доколку се воведат царини се претпоставува дека најголема штети ќе има Мексико со пад на извозот од 35 насто, канадскиот извоз ќе падне за 28 насто, а американскиот за 22 насто.
Прашањето кој ќе ја плати цената за царините е сложено. Доколку компаниите го пренесат трошокот на царините на купувачите така што ќе ги зголемат малопродажните цени, економскиот товар од воведените царини ќе го сносат американските потрошувачи.
Би Би Си
Слични новости
Дип Сик АИ апликацијата што го стресе светот
По неговото лансирање ДипСик предизвика масовно купување на технолошки акции. Акциите на Нвидиа паднаа за 17 насто во само еден ден на американската берза што беше загуба од 600 милијарди долари на пазарната вредност. Според Блумберг, тоа е најголемиот пад во историјата на американската берза.
Не го оплакувајте крајот на неолиберализмот
Успехот на личност како што е Трамп со негови антиглобалистички ставови, наведе многумина да тврдат дека дојде до крајот на неолиберализмот. Но,...
Кои премиери поднесуваа оставка на Балканот и зошто
Во политичкиот живот, оставката обично се нарекува „морален чин“. Во балканските држави кои се често погодени со економски и општествени кризи, оставките главно беа поднесувани „од лични причини“, поради изборни неуспеси, застој во економијата, но и поради постапки за воени злосторства.