„Галаксијата на Супер Марио“ и научно фантастичниот „Хеил Мери“ продолжија да владеат со американскиот Бокс офис, откако новиот хорор блокбастер „Мумијата“ на Ли Кронин стигна само до третото место викендов.

„Супер Марио“ остана на првото место со заработка од 36 милиони викендов во САД и вкупна заработка од 747 милиони долари глобално.

На второто место останува „Хеил Мери“ со Рајан Гослинг, иако долго се прикажува, со заработка од 20 милиони викендов. Досега филмот заработи во САД 285 милиони долаи, а глобално 573.

Хоророт „Мумијата“ заработи скромни 13, 5 милиони долари во дебитантскиот викенд со слаби критики.

Слични новости

„Грешници“ ја освои главната награда за најдобар глумачки каст на годинашните актерски награди на Холивуд, Харисон Форд наградата за животно дело  

„Грешници“ ја освои главната награда за најдобар глумачки каст на годинашните актерски награди на Холивуд, Харисон Форд наградата за животно дело  

Актерскиот каст на „Грешници“ ја освои наградата за најдобар глумачки ансамбл на филм, а Мајкл Б. Џордан од истиот филм за најдобра главна улога во машка конкуренција.