Новиот стадион на Евертон на Брамли-Мур Док пречека 10.000 навивачи на пробен настан, пријателски натпревар за играчи до 18 години против Виган Атлетик, додека овој англиски премиерлигаш се подготвува да се збогува со „Гудисон Парк“ на крајот од оваа сезона.
Изградбата на новиот стадион со 52.888 седишта траеше четири години и чини близу 800 милиони фунти (1,01 милијарда долари), според извештаите на британските медиуми, а исто така треба да биде домаќин на натпреварите на ЕУРО 2028 година.

„Кој и да го дизајнираше, направи фантастична работа, бидејќи трибините се над вас. Кога ова ќе биде полно следната сезона, ќе биде пеколно место за играње“, изјави тренерот на младинскиот тим на Евертон, Кит Саутерн за клупската телевизија.
Прв стрелец на новиот стадион на Евертон беше Харисон Ример од Виган, кој погоди за гостите во 12. минута. Евертон загуби со 1:2, а стрелец на голот на домаќините беше Реј Роберт.
Стадионот „Гудисон Парк“, домот на Евертон од 1892 година, беше домаќин на последното дерби во средата кога тимот на Дејвид Мојс ремизираше 2:2 со лидерот Ливерпул. Последниот натпреварувачки натпревар на стадионот ќе се одигра на 18. мај кога на Евертон ќе му гостува Саутемптон.
Стадионот потоа ќе биде урнат, а земјиштето ќе се користи за изградба на станбени и деловни згради.
Слични новости
Манчестер Јунајтед ќе ги зголеми цените на сезонските билети за пет отсто
Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед одлучи да ги зголеми цените на сезонските билети за следната сезона за приближно пет отсто, со цел да ги ублажи финансиските проблеми
Милан се откажа од купувањето на Жоао Феликс кој игра за нив како позајмица
Милан се откажа од откуп на договорот на Феликс бидејќи во последно време тој игра слабо за тимот на Милан, што значи дека Португаецот на крајот од сезоната сепак ќе се врати во екипата на Челси.
Лејкерси се пробија на четвртото место со победа врз Сан Антонио
Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа втората победа по ред без Леброн Џејмс, на домашен терен против тимот на Сан Антонио. Најефикасен играч кај Лејкерс беше Остин Ривс со 30 поени, додека Лука Дончиќ даде 21 кош и подели 14 асистенции.