„Спајдермен: Сосема нов ден“ со Том Холанд и Зендаја на студиото Марвел се очекува викендов да стане филм со најголема заработка во историјата на американскиот Бокс офис. Првото место сеуште го зазема филмот „Стар Ворс Епизода 7 – Будењето на силата“ кој во 2015 заработи 936 милиони долари на американскиот пазар. Новиот Спадјдермен би можел да ја надмине оваа бројка уште овој викенд.

Спајдермен за шест недели прикажување во кино салите заработи 2,4 милијарди долари и е убедливо најуспешен филм на Бокс офисот годинава, пред Одисеја на Кристофер Нолан која заработи 1,6 милијарди долари.

Спајдермен со заработка од 2.412.000 долари се проби на третото место на вечната листа на филмови со најголема заработка во светот, а пред него се Авенџерс од 2019 со 2,8 милијарди долари и Аватар од 2009 кој заработи 2,93 милијарди долари.

Слични новости

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

Владини веб-страници во Холандија, Франција, Данска и Финска беа привремено исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, кој се користи за функционирање на голем дел од интернетот.