„Спајдермен: Бренд њу деј“продолжува да царува на Бокс офисот и во третиот викенд во кој само во САД заработи нови 70 милиони долари, и покрај неколкуте нови премиери и блокбастери.

Новиот Спадермен со Том Холанд и Зендаја досега има заработено 785,5 милиони долари само во САД што го искачи на четвртото место на филмови со најголема заработка во историјата на кино благајните во САД за само 17 дена.

За време на викендот Спајдермен ја надмина заработката од две милијарди долари глобално, што го прави втор филм кој успеал да оствари таков спекатукаларен резултат за кусо време, и само осми филм на сите времиња што заработил повеќе од две милијарди долари.

Слични новости

„Практична магија 2“ се очекува да го собори Спајдермен на врвот од американскиот Бокс Офис по шест недели

„Практична магија 2“ се очекува да го собори Спајдермен на врвот од американскиот Бокс Офис по шест недели

Филмот „ „Практична магија 2“ на студиото Ворнер Брос се очекува викендов да го зазеде првото место на американскиот Бокс офис по шест недели царување на Спадјдермен. Филмот почна да се прикажува во 4.000 кина во САД, а вториот дел во кој главните улоги повторно ги толкуваат Сандра Булок и Никол Кидман се сними 28 години по првиот дел.