Од својата победа на изборите во ноември Трамп номинираше низа лојалисти за својата претстојна администрација, кои ги повторија неговите жеби за пресметка со неговите критичари. Еден од најконтроверзните избори е Кеш Пател, поранешен сојузен обвинител кој навести дека би можел да го искористи бирото на директорот на ФБИ за кривично гонење на новинари

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе стапи на функцијата за неколку денови, со што го заокружува речиси неверојатниот политички кам-бек по поразот на претседателските избори од Џо бајден во 2020. Вториот мандат на Трамп во Белата куќа, кој почнува по инаугурацијата во понеделник, ќе послужи како најнов тест за неговиот пристап кон претседателската моќ.

Начинот на кој тој ќе продолжи би можел да го трансфромира претседателскиот уред кој во последните децении станува се помоќен, иако Уставот го позиционира како противтежа на законодавниот и правосудниот огранок на американската влада.

Тврдењата на Трамп за сеопфатен претседателски авторитет и за време на неговиот прв мандат кога ги кршеше нормите, и во годините потоа, предизвикаа загриженост меѓу стручњаците кои се прашуваат што може да се очекува во следните четири години.

Некои експерти сметаат дека вториот мандат на Трамп има потенцијал од корен да ја смени работата на федералните агенции кои вршат надзор врз задравството, безбедноста, водата , климата и работата.

Колку самиот Трамп може да ја зголеми претседателската моќ, ќе биде определно според принципот на соработка меѓу Трамп, Конгресот и правосудството.

Но, Трамп стапува на функција со републиканско мнозинство и во Конгресот и во Сенатот, како и со конзервативно супер мнозинство во Врховниот суд, вклучувајќи и три именувања кои тој ги изврши за време на неговиот прв претседателски мандат.

Од својата победа на изборите во ноември Трамп номинираше низа лојалисти за својата претстојна администрација, кои ги повторија неговите жеби за пресметка со неговите критичари. Еден од најконтроверзните избори е Кеш Пател, поранешен сојузен обвинител кој навести дека би можел да го искористи бирото на директорот на ФБИ за кривично гонење на новинари. “Ќе ги гониме луѓето во медиумите кои ги лажеа американските граѓани и кои му помогнаа на Бајден да ги намести претседателските избори“, изјави Пател, повторувајќи ги тврдењата на Трамп за измама на изборите во 2020.

Трамп исто така го прошири именувањето на таканаречените „цареви“ за одредени политики, за кои не е потребна потврда од Сенатот, за надзор на подрачја меѓу кои се безбедноста на границите и вештачката интелигенција. Некои од овие именувања ги воздигнаа клучните идејни творци кои стојат зад Проектот 2025, ултраконзервативна политичка мапа на патот што го разви фондацијата „Наследство“, конзервативна експертска организација.

Анализата на документите шти го издаде Центарот за американски прогрес, лево ориентиран институт за политика, предупреди дека Проектот 2025 „има за цел да го урне системот во кој секоја гранка има овластувања да го проверува и ограничува самоволието на другит две -поим познат како ( Check and balances) и повторно да ја засили извршната власт, без никакви пречки.

Медиумските извештаи, исто така, сугерираат дека неговиот транзициски тим ги испитувал државните службеници на интервјуата за работа за кого гласале.

Анализата заклучува дека Проектот 2025 претставува радикална филозофија на управувањето, која е во спротивност со традиционалната поделба на власта, затоа што им дава на претседателите речиси целосна контрола врз сојузната бирократија.

Џозеф Степански

Ал Џезаира

 

Слични новости

Дип Сик АИ апликацијата што го стресе светот

Дип Сик АИ апликацијата што го стресе светот

По неговото лансирање ДипСик предизвика масовно купување на технолошки акции. Акциите на Нвидиа паднаа за 17 насто во само еден ден на американската берза што беше загуба од 600 милијарди долари на пазарната вредност. Според Блумберг, тоа е најголемиот пад во историјата на американската берза.