Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса која убедливо победи на изборите во неделата, изјави дека Унгарија нема да биде засолниште за странски криминалци со азил. Тој ја спомена и ситуацијата со Никола Груевски, нарекувајќи го престапник.

Маѓар најави дека земјата ќе се залага за екстрадиција на лица барани од други држави. Конкретно, се осврна на поранешни полски функционери кои добиле азил во Унгарија.

Тој порача дека доколку немаат што да кријат, треба да се вратат и да се соочат со правдата. Во спротивно, најави дека унгарските власти ќе ги екстрадираат во Полска.

 

Слични новости

Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК

Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.