Новиот канадски премиер Марк Карни во својот говор по изборот за лидер на Либералната партија, а со тоа и за премиер, изјави дека неговата земја „ќе победи“ и „никогаш на кој и да е начин нема да биде дел од САД“.
„Канаѓаните се секогаш подготвени кога некој ќе ја фрли ракавицата. Американците не треба да се залажуваат. Во трговијата како во хокејот, Канада ќе победи“, рече тој во неделата, мислејќи на спортското ривалство меѓу двете земји, кое неодамна беше искористено од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Доналд Трамп ги напаѓа канадските семејства, работници, бизниси, нема да му дозволиме да успее“, вети Марк Карни откако беше избран за лидер на либералите на местото на Џастин Трудо.

Американскиот претседател започна трговска војна со својот северен сосед со воведување царини за канадски производи и продолжува да вели дека сака Канада да стане „51-та американска држава“.
„Американците ги сакаат нашите ресурси, нашата вода, нашата земја… ако успеат, ќе го уништат нашиот начин на живот“, рече Карни.
„Во Соединетите ржави (…) никогаш нема да има право на францускиот јазик. Радоста на животот, културата и францускиот јазик се дел од нашиот идентитет. Ова се темни денови, мрачни денови донесени од земја (САД) на која повеќе не можеме да и веруваме“, рече тој во својот говор, редовно менувајќи се од англиски на француски.
Педесет идеветгодишниот поранешен гувернер на канадската и на британската централна банка, нов на политичката сцена, вети дека „ќе изгради нова економија и ќе создаде нови трговски односи“.
Тој и официјално ќе стане премиер маредните денови по трансферот на власта од Џастин Трудо, кој на почетокот на јануари најави оставка, по речиси десет години на власт. Карни можеби нема долго да остане на функцијата, бидејќи Канада мора да одржи избори најдоцна до октомври годинава.
Слични новости
Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки
Обединетото Кралство нема намера веднаш да воведе контрамерки против Соединетите држави откако во средата стапија на сила царините од 25 отсто за американскиот увоз на челик и алуминиум од целиот свет, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британската влада
Руски извори се скептични за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот
Руски извори реагираа претпазливо на предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот што Киев го поддржа во средата, велејќи дека секој договор за ставање крај на војната во Украина треба да го земе предвид напредокот на Русија и да одговори на загриженоста на Москва
Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на нови 9 години затвор
Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во средата беше осуден на уште девет години затвор, откако беше прогласен за виновен за проневера