Иако првиот ден од продолжениот празничен викенд се поклопи со стартот на целосната примена на новиот систем за контрола при влез во земјите од Европската унија, сепак, на граничниот премин Меџитлија–Ники кон соседна Грција нема значајни промени во фреквенцијата.
Наместо очекувани колони, само умерено зголемен број на возила. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку Меџитлија излегле околу 4000 лица, од кои 800 се македонски државјани.
Од Министерството за внатрешни работи уверуваат дека сите капацитети се ставени во функција за да се избегнат застои од макеодонска страна .
На трите гранични премини кон Грција, Богородица, Дојран и Меџитлија, за 24 часа државата ја напуштиле над 17 илјади странски и македонски државјани.
Слични новости
Вработените во Македонски пошти на протест
Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.

