Иако првиот ден од продолжениот празничен викенд се поклопи со стартот на целосната примена на новиот систем за контрола при  влез во земјите од Европската унија, сепак, на граничниот премин Меџитлија–Ники кон соседна Грција нема значајни промени во фреквенцијата.

Наместо очекувани колони, само умерено зголемен број на возила.  Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку Меџитлија излегле околу 4000  лица, од кои  800 се македонски државјани.

Од Министерството за внатрешни работи уверуваат дека   сите капацитети се ставени во функција за да се избегнат застои од макеодонска страна .

 На трите гранични премини кон Грција, Богородица, Дојран и Меџитлија,  за 24 часа државата ја напуштиле над 17 илјади странски и македонски државјани.

 

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.