Иако првиот ден од продолжениот празничен викенд се поклопи со стартот на целосната примена на новиот систем за контрола при влез во земјите од Европската унија, сепак, на граничниот премин Меџитлија–Ники кон соседна Грција нема значајни промени во фреквенцијата.
Наместо очекувани колони, само умерено зголемен број на возила. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку Меџитлија излегле околу 4000 лица, од кои 800 се македонски државјани.
Од Министерството за внатрешни работи уверуваат дека сите капацитети се ставени во функција за да се избегнат застои од макеодонска страна .
На трите гранични премини кон Грција, Богородица, Дојран и Меџитлија, за 24 часа државата ја напуштиле над 17 илјади странски и македонски државјани.
Слични новости
Македонија тапка во место во борбата против корупцијата
Според рангирањето Северна Македонија е во друштво со Бугарија, Танзанија, Унгарија, Куба, Буркина Фасо и Гвајана.
Владата ќе донесе одлуки за построга контрола при одгледувањето медицинска марихуана
Владата на денешната седница се очекува да донесе одлука да се проверува секоја фирма за одгледување на марихуана за медицински цели
Пешевски: Пратениците да се одважат, да изгласаат 600 евра минимална плата
Ќе продолжиме да ги блокираме и пратениците и министрите и владата и работодавачите и сите оние кои се виновни што низ годините го донесоа македонскиот работник на дното
