Милитанатата група Хути од Јемен изведе напади врз Саудиска Арабија во кои најмалку 73 лица се повредени. Нападите биле извршени врз цивилни и економски објекти во најголемиот светски извозник на нафта, соопшти коалицијата на земји кои ја поддржуваат Саудиска Арабија.

„Коалицијата ќе ги преземе сите неопходни оперативни мерки да ја одврати терористичката милиција Хути и решително ќе се сооќи со нејзиниот непријателски пристап“ ја пренесува Ројтерс изјавата на портпаролот на коалицијата полковник Турки ал-Малки.

Хутите гаѓале цивилни објекти и нафтени постројки во саудиските градови Аба, Хамис, Мушаит, Џазан и Наџран. Фајненшал тајмс пренесува дека нафтените полиња на саудиската нафтена компанија „Арамко“ во Џазан биле погодени и дека сеуште се проценува предизвиканата штета.

 

 

Слични новости

Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО

Нови напади со дронови врз бродови во Црното море, Бугарија бара помош од НАТО

Радев наведе дека е свикана вонредна седница на Советот за безбедност во Бугарија на која се добиени информации за нови напади врз бродови во Црното море. Еден брод е погоден на 17 наутички милји источно од Крапец, кој потонал, а спасен е само еден член на екипажот.