Научниците во новото истражување соопштија дека мајмунскиот вид кој живеел во Африка пред седум милиони години би можел да го претставува најраниот предок на човекот, иако овој заклучок и натаму предизвикува поделени мислења во научната заедница.

Во новата студија заснивана на повторната анализа на коските на видот Sahelanthropus tchadensis, истражувачите наведуваат дека одделни анатомски карактеристики на овој вид се прилагодени на исправеното одење на две нозе, а не на одење на четири нозе, пишува Гардијан.

Ако се потврди оваа анализа, станува збор за најраниот хоминин, односно член на човековата еволутивна линија по одвојувањето од шимпанзите.

Слични новости