Бугарија има јасно изразена позиција, која од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку е прашање на дискусија меѓу Европската Унија и земја кандидат. Овој прозорец за проширување може да се отвори во наредните години, а доколку не ја искористат оваа можност, навистина може да изгубат, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова, во Брисел, каде што учествуваше на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија.
„Драго ми е што во Бугарија има многу широк политички консензус за тоа. Им го кажав ова и на нашите северно македонски партнери. Очекуваме активности од нивна страна што ќе покажат дека имаат целосна политичка подготвеност да продолжат напред по својот европски пат“, додаде таа.
„Бугарија останува исклучително поддржувачки фактор. Исто така е важно за нас да видиме поголема активност и посилна акција од нивна страна во врска со веќе постигнатите договори. Тие имаат единствена можност. Гледаме дека земји како Црна Гора и Албанија остваруваат сериозен напредок.
Тие треба да се придржуваат до договорот од 2022 година и да преземат потребни политички чекори. Тие треба да го отворат својот европски пат“, рече Петрова-Чамова.
Слични новости
Пожарот во Визбегово е сеуште активен
Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи. На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање.
Работата на судскиот совет нетранспарентна
Транспареси интернешенал во месечниот извештај за април 2026 ја критикува нетранспарентноста во работата на Судскиот совет.
Грција ќе го суспендира контроверзниот систем ЕЕС за време на летните одмори
Грција веќе привремено ги суспендираше до септември новите правила на Системот за влез/излез за британските туристи откако нивното воведување предизвика огромни толпи и одложувања.


