Елиот Андерсон настапува за Нотингем Форест и откако минатата сезона одигра фантастично, беше повикан и во англиската репрезентација од Томас Тухел. Се очекува неговата цена да изнесува 75 милиони фунти. Андерсон дојде во Нотингем Форест од Њукасл пред една година за 35 милиони фунти.

Најголем интерес за него покажува Пеп Гвардиола кој во Андерсон гледа замена за Родри, кој е се почесто повреден и се најавува негово заминување од островото и враќање во Шпанија каде што за него интерес покажува Реал Мадрид.

Интерс за играчот кој се очекува да биде една од ѕвездите на англиската репрезентација на следниот Мундијал покажува и Челси.

Слични новости

Голем пресврт на Милан во Торино

Голем пресврт на Милан во Торино

Милан се врати на врвот на табелата во италијанското првенство по големиот пресврт во последниот натпревар од 14-то коло одигран во понеделникот вечерта, како гостин победувајќи го Торино со 3:2